На 26 октомври 2013 год.НДЦ Скопје го одбележа почетокот на најновата иницијатива- студио програмата. На снимањето на првата емисија гостуваа истакнати гости – соговорници од Норвешка; основачот на Нансен дијалог Мрежата, Стајнер Брин и претставник на Управниот одбор на НДЦ Скопје, Ингрид Вик.

Главните цели на емисиите кои ќе се реализират во склоп на студио програмата на НДЦ Скопје се следните:
-да се дискутира околу проблемите на образовниот систем во Р. Македонија поврзани со недостатокот на комуникација помеѓу разните етнички заедници, недостатокот на компетенции кај наставниците за работа во мултикултурно опкружување, итн;
-подигнување на свеста за негативните последици од поделбата на училиштата;
-промоција на достигнувањата и успесите на Нансен модел училиштата;
-презентирање на предизвиците соочени при воведувањето на интегрираното образование;
-промовирање на интегрираното образование како глобален тренд и тенденција;
-споделување на најдобрите меѓународни практики во полето на интегрираното образование;
-презентирање на препораките на домашните и меѓународните експерти.
Првата снимена емисија се очекува да биде објавена на YouTube каналот на НДЦ Скопје кон почетокот на месец ноември, 2013.

За повеќе фотографии, кликни тука.