Во текот на јануари и февруари 2019. година, наставниците Рухије Сали и Билјана Нарашанова ја реализираа дневната активност “Засолништа и храна за птици” во рамки на месечната тема “Грижа за птиците” од Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за петто одделение.

Реализацијата на активноста започна со воведната игра Портрет. Учениците заедно изработија хранилишта за птици, користејќи пластични шишиња. Хранилишта за птици ги наполнија со храна за птици и ги закачија на најблиското дрво пред нивната училница.

Цели на оваа активност се: негување на грижлив и одговорен однос кон животинскиот свет, поттикнување соработка меѓу учениците и наставниците од двете групи, поттикнување и поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата како и збогатување на активниот речник кај учениците со нови поими на двата јазика.