На 27. мај 2019. година, наставниците Наташа Забрчанец и Дарко Талески заедно со учениците од шесто одделение ја реализираа активност “Портрет” во рамки на темата “Фотографија” од Уметничката секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.
Учениците беа поделени во парови, тандемот наставници на секоја група им даде цртеж со одредена емоција. Секое дете го црташе портретот на соученикот од парот, со дадената емоција на лист хартија.
На крај на активноста, со цел одбележување на успешната учебна година на учениците им беа доделени дипломи за учество во активностите на Нансен моделот за интеркултурно образование. НДЦ Скопје им посакува среќно и забавно лето!