(15.06, 2009) По повод успешното завршување на учебната година на првата генерација ученици во Интегрираното двојазично основно училиште “Фридтјоф Нансен“, во општина Јегуновце беше организирана средба со родителите за доделување на сведителствата на учениците. Од страна на наставничките, родителите беа информирани за постигнатиот успех и резултати од реализирањето на програмите за формално и неформално образование на двата класа во училиштето. Од страна на родителите беше искажано задоволството што се дел од овој проект и дека се многу задоволни од начинот на кој што функционира училиштето, квалитетот на наставата и видните промени што настанале кај нивните деца. Родителите имаа можност да ја видат завршната приредба која беше резултат на девет месечното работење на наставничките со нивните ученици.