На 28 мај 2014 г. учениците од првото интегрирано основно училиште „Фридтјоф Нансен/ Шемшово“ заедно со нивните наставници и тимот на НДЦ Скопје ја реализираа завршната приредба со наслов „Патувам со музика но простор и време“ одржана со цел да се одбележи крајот на учебната година. На претставата присуствуваа родителите и семејствата на учениците и истата беше одлична прилика за одбележување на успехот на школската година збогатена со интегрирани воннаставни активности. По завршувањето на приредбата, учениците заедно со нивните родители имаа прилика за заедничка дружба и коктел во дворот на училиштето.