На 27. мај 2019. година, наставниците Тодорка Нане и Надица Нане заедно со ученици од петто одделение ја реализираа дневната активност “Зелена салата” во рамки на темата “Зеленчукова градина” од Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.
Во текот на оваа активност учениците имаа можност да научат повеќе за зелената салата – марула, какво растение е, што содржи, како влијае врз организмот и какво е нејзиното значење за човековото здравје. Учениците направија споредба со неколку видови зеленчук и од истите направија салата.
Цели на оваа активност се: запознавање со улогата и важноста на зелената салата-марула како дел од здравата исхрана, како предуслов за правилен раст и развој, поттикнување на љубопитност кај учениците за осознавање и истражување, поттикнување соработка меѓу учениците и наставниците од двете групи, поттикнување и поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата како и збогатување на активниот речник кај учениците со нови поими на двата јазика.