На 12. февруари 2019. година, наставниците Спасиче Николовска и Исниша Салиоски од подрачното училиште „Никола Карев“ с. Борино,  со учениците од второ одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Железнички сообраќај” од Сообраќајната секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Активноста започна со кратка приказна преку која учениците се воведоа во поимот железнички сообраќај. Учениците поделени во две групи со дрвени делови конструираа зграда на железничката станица, шини и составија воз. Истите ги боеја и украсија по своја желба.

Цели на активноста се: оспособување на децата за безбедно однесување во железничкиот сообраќај, проширување на знаењата на учениците за професиите коишто се вклучени во железничкиот сообраќај, усвојување на културно- социјалните фрази неопходни за правилно и културно однесување при користење на железничкиот сообраќај како и усовршување на прецизност при конструирање и боење.