На 25.12.2018. година, наставниците Тодорка Нане и Надица Нане ја реализираа дневната активност “Желка”во рамки на месечната тема “Нашето милениче” од Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за петто одделение.

За реализација на оваа активност учениците беа поделени во групи и работеа користејќи разни материјали за изработка на желки и живеалишта на желките. Активноста исто така содржеше и повеќе игри за начинот на движење на овие животни.

Цели на оваа активност се негување на грижлив и одговорен однос кон животинскиот свет, поттикнување соработка меѓу учениците и наставниците од двете групи, поттикнување и поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата како и збогатување на активниот речник кај учениците со нови поими на двата јазика.