Во текот на првите месеци на учебната 2018/2019 година, наставниците Светлана Кочовска и Афердита Амедовска заедно со учениците од трето одделение спроведоа активности во рамки на месечната тема “Зимска облека” од Еко Секцијата на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

За реализација на дневните активности Волна и Памук, учениците играа различни игри со цел да се запознаат со дневните теми. Тие дискутираа за материјалите од кои се прави зимската облека и нивните карактеристики, и исто истите изработија неколку изработки кои ги презентираа пред другарите од групата.

Неколку од целите на овие активности се проширување и продлабочување на ученичките знаења  за годишното време зима, поттикнување на креативноста и трпеливоста кај учениците при изработка  на зимска облека со волница и при дизајнирање на различна облека од памук, поттикнување на меѓусебна успешна групна и тандемска работа, поттикнување на детската креативност, оригиналност како и негување  на позитивна социо-емоционална клима во групата.