Во текот на јануари и февруари 2019. година, Оливера Ѓорѓиоска и Ардијана Зибери заедно со учениците од трето одделение спроведоа активности во рамки на месечната тема “Зимска облека” од Еко Секцијата на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

За реализација на дневните активности Волна, Штоф, Памук и Најлон, учениците играа различни игри со цел да се запознаат со дневните теми. Тие дискутираа за материјалите од кои се прави зимската облека и нивните карактеристики, и со истите изработија разновидни изработки.

Целите на овие активности се: поттикнување на почитување, помагање и соработување при извршување на активностите, развивање на чувството на радост и задоволство при учењето низ игра, откривање на улогата и значењето на различни видови текстилни материјали за човекот во зимски услови, оспособување на учениците за оригинална и креативна употреба на отпадни материјали како и сензибилизирање на учениците за откривање на специфичностите на различни видови материјали (преку тактилното сетило).