Во текот на јануари 2019. година, наставниците Мирјана Невенова и Фатмире Махмуди заедно со ученици од четврто одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Вез” од Уметничката секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Наставниците и учениците заедно дискутираа за топлата зимска облека и преку техниката ‘бура на идеи’ ја откриваат темата на дневната активност. Во текот на реализацијата на дневната активност “Зимски чорапчиња”, учениците меѓусебно соработуваа и користеа волница во разни бои со кои креираа изработки во форма на волнени чорапи.

Цели на активностите се: поддржување конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, поттикнување на креативноста и оригиналноста кај учениците преку ликовното изразување и творење, запознавање на учениците со основите на везењето како начин на творечко изразување како и развивање на ситната моторика и прецизноста при везење на едноставни форми.