На 8. јуни 2019. година, Нансен дијалог центар Скопје организираше предавање, како последна обука од напредно и специјалистичко ниво на обуки во Тренинг центар при НДЦ Скопје.

Предавањето го следеа наставници од 22., 23. и 24. група од напредно ниво, кои доаѓаат од ООУ “Пенестиа”, Дебар, ООУ “Гоце Делчев”, Битола, ООУ “Толи Зордумис”, Куманово, ООУ “Крсте Петков – Мисирков”, Радовиш и од СОУ “Гостивар”, Гостивар како и две групи наставници од специјалистичко ниво од ООУ “Братство”, Скопје, ООУ “Гоце Делчев”, Гостивар, ООУ “Гоце Делчев”, Битола, СУГС “Гeорги Димитров”, Скопје, ООУ “Гоце Делчев”, Конче, ООУ “Битолскиот Конгрес”, Лопате, ООУ “Кирил и Методиј”, Канатларци и ООУ “Никола Карев”, Крушево.

По официјалното отворање на настанот од страна на Биљана Крстеска-Папиќ – менаџер на Нансен Тренинг центар, пред присутните се обрати г-дин Ерван Фуере, поранешен амбасадор во Делегацијата на ЕУ во Скопје и член на управниот одбор на НДЦ Скопје.

Професорот Стеинар Брин од Нансен академијата, Лилехамер, Норвешка презентираше на тема “10 совети од наставник до наставници“, со којашто ја нагласи важноста на меѓусебна доверба во интеркултурни училишни средини.

Воедно на 90 наставници и професори од основното и средното образование им беа врачени сертфикатите за успешно завршување на напредното и специјалистичкото ниво на обука за интеркултурно образование.  Истите беа свечено доделени од страна на: г-ѓа Симоне Филипини, г-дин Ерван Фуере и г-дин Сафет Незири.

Чинот на доделувањето на сертифкатите од меѓународен карактер, беше збогатен и со обраќањата на: г-дин Сашо Стојковски- извршен директор на НДЦ Скопје, г-дин Сафет Незири- државен советник при МОН и г-ѓа Бенте Кнагенхјелм – член на Управен одбор на НДЦ Скопје, кои ја нагласија потребата од континуирана поддршка на интеркултурни вопситно-образоавни инцијативи.