Учениците од двете паралелки при ИДСУ, во период од 10 до 14  мај 2011 престојуваа во Норвешка, заедно со реализаторите на воннаставните активности, Директорот и Претседателот на Училишниот одбор на ССОУ Моша Пијаде, претставници на СИОФА, како и на НДЦ Скопје.
Реализирани се посетите на повеќе културно-историски лоакции, туристички атракции и воспитно-образовни институции во Осло и Лилехамер, коишто им овозможија на учениците поблиску да се запознаат со придобивките на воспитно-образовниот систем во Кралството Норвешка, како и со културното наследство и традицијата на норвешкиот народ.