Плодната повеќегодишна соработка помеѓу канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ и Нансен Дијалог Центар Скопје резултира со денешната промоција на уникатна мултијазична платформа Fraza.mk. Во присуство на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, г-дин К. Абдракхманов и г-дин Џ. Голдстајн е претставен четиријазичен разговорник, која овозможува лесно, аудио-визуелно и интерактивно запознавање со македонски, албански, турски и српски јазик.

Придобивките на оваа инцијатива ја нагласија и учесниците на панел диксусијата, односно авторскиот тим: д-р В. Лаброска и д-р Б. Сулејмани, како и националниот координатор за едно општество и интеркултурализам, г-дин Р. Алаѓозовски, директор на Агенцијата за примена на јазикот на Р. С. Македонија, д-р И. Села и директорката на Управата за развој и унапредување на образованието на заедниците, г-ѓа Р. Благојевиќ.

Разговорникот е бесплатно достапен и лесно применлив за различни видови на електронски уреди, а овозможува лесно и забавно запознавање со четирите јазици.