На 28-ми февруари 2018 година наставничките Захарица Рујаноска, Маја Митева-Петроска и Тодорка Нане ги реализираа воннаставните активности со учениците од 1, 2 и 4 одделение на тема “Велика Британија”, како дел од програмската секција “Образование за мир и толеранција”. Учениците имаа можност да научат повеќе за обележјата и знаменитостите на Велика Британија преку разни забавни и креативни активности, уште поважно- преку меѓусебна соработка и тимска работа.