Во текот на месец септември 2017 г. во рамки на Тренинг центарот при НДЦ Скопје процесот на обука го започнаа пет нови групи на учесници односно групите 19, 20, 21, 22, и 23. Новите групи на учесници во основното ниво на обука ги сочинуваат наставници од училиштата коишто се избрани за имплементација на Концепцијата за интеркултурно образование: ОУ „Толи Зордумис“, Куманово, ОУ „Гоце Делчев“, Битола, ОУ „Братство единство“, Дебар, ССУГС „Браќа Миладиновци“, Скопје, ОУ „Братство- Миѓени“, Тетово, ОУ „8-ми септември“ и ОУ „Аврам Пишевски“, Скопје.