(22.09.2010) На 22.09.2010 во основното училиште „Фридтјоф Нансен“ се оддржа состанок на Советот на родители на ова училиште. Состанокот беше организиран од страна на менаџментот на Нансен Дијалог Центар Скопје со цел реализирање на предвидената годишна агенда за информирање на родителите како и консултирање на истите.
На состанокот беа присутни мнозинството на членовите на Советот на родители и се разговараше според следниот дневен ред:
– Информации околу новата наставничка во второ одделение
– Снабдување на потребни материали
– Униформи
– Тестирање на учениците
– Распоред и смени / превоз
– Разно…

Родителите беа информирани за сите точки на дневен ред и се дискутираше по истиот редослед за време на состанокот.
Состанокот беше реализиран во просториите на ИДОУ „Фридтјоф Нансен“ каде што се одлучи за наредниот состанок на Советот на родители кој што ќе се организира во второта половина на ноември.