Во ноември 2018. година, наставниците Амиде Џемал и Александар Велјаноски со учениците од девето одделение реализираа заеднички активности од секцијата Народите на светот.

Темите на активностите беа: Топлите води на студениот Исланд и Покрај брегот на Балтичко Море. За нивно реализирање се собрани бројни информации, се користеле различни фотографии за креирање на пано, се разменија знаења и искуства од истражувањето.

Цели на активностите се продлабочување на интересот на учениците за истражување на разни географски пространства како и нивните карактеристики, поттикнување интерес и позитивен став кон најразлични народи и етнички групи, истакнување на способноста кај учениците за планирање, организација и реализација на мини истражувачки проекти.