(31.03.2011) На 31.03.2011 година започнаа да се реализират курсеви по информатика наменети за родителите на учениците од проектот за интегрирано и двојазично оразование.
Курсевите се дел од прорамата на НДЦ Скопје наменета за родители и ќе се реализира во наредните три месеци.
За потребите на курсевите се ангажирани наставничките Љубинка Цветанова, Зумбул Чичек и Даниела Митева. Курсевите се изведуваат двојазично на македонски и турски јазик. Курсевите се со интерактивен и мултимедијален карактер и покрај стекнување на нови знаења, овозможуваат родителите од двете етнички групи меѓусебно да се запознаат и да ја зголемат меѓусебната соработката.