Во текот на февруари 2019. година, наставниците Јасмина Ефремоска и Лулјета Азири заедно со нивните ученици реализираа активности во рамки на месечната тема “Зимски радости” од Уметничката секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Реализација на дневните активности Санкање започна со воведни игри. Во текот на реализацијата учениците соработуваа едни со други, нацртаа и боеја цртежи со санки,  изработија санки користејќи дрвени стапчиња и други материјали и во нивните работни листови со играта лавиринт, го најдоа патот до санката.

Цели на активностите се: поттикнување на ликовната љубопитност за ликовно творење со различни нестандардни материјали, вежбање на графомоториката при цртање декоративни шари, поддржување на тандемско творење и сензибилизирање на учениците за важноста на почитувањето на ликовните творби на другите автори како и оспособување на учениците за моделирање и конструирање со различен материјал.